Гислејн Максвел, поранешна девојка и долгогодишна соработничка на обвинетиот сексуален престапник Џефри Епстин, е уапсена, соопшти портпаролката на ФБИ Адриен Сенатор.
Властите на Индонезија, која е на четвртото место во светот по број на население, се загрижени за „бејби бум“ поради пандемијата на коронавирусот.
Полицијата на Сиетл синоќа присилно ја расчисти повеќенеделната протестна зона на Сиетл, поради поплаки од сопствениците на локалните бизниси. „Окупираната“ зона го разлути и претседателот Доналд Трамп кој објави повеќе гневни пораки на Твитер.
Швајцарската Влада објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Ширењето на коронавирусот стана најсериозната криза во историјата на ЕУ, изјави на прес-конференција германската канцеларка Ангела Меркел по видео-состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Арлем Десир, истакна денеска во Виена дека медиумите се во опасност на премногу места во регионот на ОБСЕ, со пандемија што ги интензивира постојните трендови и носи нови проблеми, вклучувајќи ја и тешката економска состојба со кои се соочуваат многу медиуми.
Британската полиција уапси повеќе од 700 осомничени, заплени 54 милиони фунти и неколку тони дрога во најголема и најзначајна операција против организираниот криминал во Велика Британија.
Европската комисија поведе постапка против Хрватска и девет други земји членки на ЕУ за кршење на правата поради ваучерите со кои се обидуваат да го спасат бизнисот на нивните туристички агенции и авиокомпании.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „како и секоја друга“.
Според новите упатства на британското Министерство за образование, во училиштата во кои ќе се појави еден случај на коронавирус, можеби ќе биде потребно да се изолираат помали групи ученици и наставници до најмногу две недели.