Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „како и секоја друга“.

– Ова е болест за која можеме да кажеме дека е како и секоја друга. Само чекаме вакцина, нагласи Моравјецки.

Актуелниот претседател Анджеј Дуда, партиски колега на Моравјецки од националистичката партија Право и правда во вториот круг од изборите ќе се соочи со центристичкиот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Првиот круг од изборите се одржа во неделата. Дуда доби 43,5 проценти од гласовите, а Трзасковски 30,56 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 22:26