Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска закажа за следната недела мини-самит, со цел да поттикне договор за план за закрепнување на ЕУ од последиците на пандемијата на новиот коронавирус.
НАТО имплементира план за одбрана на Полска и балтичките држави откако Турција ги отфрли своите забелешки, соопштија литвански, полски и француски власти.
Британската Влада се откажа од планот за воспоставување воздушни мостови и ќе го укине задолжителниот карантин за патници од 75 земји, јави денеска „Телеграф“.
Според последните податоци, во светот до сега се регистрирани 10.907.792 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 521.163, а оздравеле 6.088.007 луѓе.
Премиерот на Шкотска, Никола Стерџон најави дека во земјата од 10 јули ќе биде задолжително да се носат маски во продавниците, додека ограничувањата за патување за забава и одмор и мерките за физичко растојание ќе бидат олеснети во одредени случаи
Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти, денеска ја напушта таа позиција, завршувајќи го својот втор целосен мандат на должноста, онолку колку што е дозволено според прописите на таа институција
Би-Би-Си денеска соопшти укинува 450 работни места во својата филијала во Англија со цел да ги намали трошоците и да ги преструктуира своите локални редакции
Цената на храната во светот, во јуни, се зголеми по првпат годинава и покажуваа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ООН
Русија ја продолжи забраната за влез на странски државјани во земјата заклучно со 31 јули
Европската комисија се надева дека одлуката за дистрибуција на првиот лек во ЕУ против Ковид-9 ќе биде објавена пред крајот на оваа недела, изјави претставник на ЕК