Премиерот на Шкотска, Никола Стерџон најави дека во земјата од 10 јули ќе биде задолжително да се носат маски во продавниците, додека ограничувањата за патување за забава и одмор и мерките за физичко растојание ќе бидат олеснети во одредени случаи.

Мерките за физичко растојание ќе останат во сила, а исклучоци ќе бидат дозволени во одредени сектори, како што е угостителството, и тоа од крајот на следната недела.

Покрај тоа, од ова правило ќе бидат ослободени и децата под 11-годишна возраст кога се на отворено. Младите на возраст од 12-17 години сепак ќе треба да почитуваат растојание од два метра, но сега ќе можат да се соберат надвор во групи до осум луѓе, што е повеќе отколку што беше дозволено претходно.

Ограничувањата за патувања за забава и рекреација исто така се олеснети, така што граѓаните ќе можат да ги посетат местата на оддалеченост од повеќе од осум километри, освен во одредени области каде е забележано зголемување на бројот на заразени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 16:28