Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надмина 600.000 откако здравствените власти соопштија за нови 19.114 заразени во изминатите 24 часа
Хрватска се наоѓа на трето место меѓу 15 земји во светот чиј БДП би можел најмногу да настрада од загубите во туризмот, се наведува, меѓу другото во најновиот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНЦТАД)
Во нуклеарната електрана Натанц во Иран се случи „инцидент“ при што е оштетен објект во изградба, но тоа не влијалео на редовното функционирање на нуклеарната централа, а нема ниту зголемена радијација
Најбогатиот човек во светот – извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос стигна до нов, историски рекорд со својата финансиска состојба од 171,6 милијарди долари, објави „Блумберг“
Полицијата во Хонг Конг денеска уапси маж на лет за Лондон, осомничен за убиство на полицаец за време на протестите против новиот Закон за безбедност за полуавтономната кинеска територија
Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш му порача на командантот на либиските источни сили Калифа Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот започнат во април минатата година против владата поддржана од ОН во Триполи, изјави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дижарик
Две лица загинаа, а осум се повредени во двојна експлозија во близина на воена болница во авганистанската северна провинција Балк, јави германската новинска агенција ДПА
Мнозинството граѓани на Русија гласале за уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт со 2036 година
Највисокиот турски Управен суд го заврши сослушувањето дали истанбулската „Аја Софија“ треба да остане музеј или да се претвори во џамија, пренесе ДПА
Финските воздухопловни сили го отстранија стариот амблем што содржеше свастика, јави Би Би Си