Хрватска се наоѓа на трето место меѓу 15 земји во светот чиј БДП би можел најмногу да настрада од загубите во туризмот, се наведува, меѓу другото во најновиот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНЦТАД).

Според извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и развој, Јамајка, Тајланд и Хрватска се првите три држави меѓу 15 најпогодени, а следуваат Кенија, Мароко, Грција, Маурициус, Сенегал, Ирска, Египет, Јужна Африка, Малезија и Шпанија.

Анализирајќи го влијанието на загубите во туризмот врз учеството на таа гранка во националниот БДП, УНКТАД проценува дека Јамајка и Тајланд може да претрпат најголеми загуби, од 11, односно девет проценти. Во Хрватска, таа загуба, според нивните, како што велат, умерените проценки, би можела да биде осум проценти, по што следат Португалија со загуба од шест проценти и Доминиканската Република со пет проценти.

УНЦРАД предупредува дека туристичкиот сектор во многу богати земји, исто така, ќе чувствува притисок . При тоа ги споменуваат популарните европски и северноамерикански дестинации, вклучувајќи ги Франција, Италија и САД, за кои, исто така, се предвидува дека ќе изгубат милијарди долари како резултат на драматичниот пад на меѓународниот туризам.

Хрватска, Тајланд и Јамајка, се издвоени и поради можното брзо намалување на платите на квалификуваните работници, при што, во оптимистично сценарио, платите ќе се намалат од 9 до 12 отсто.

Во извештајот, уште се посочува, дека светскиот туризам би можел да изгуби над 1.200 милијарди американски долари или 1,5 отсто од глобалниот БДП по речиси четири месеци прекин на туризмот поради пандемијата на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 12:23