Белгиските здравствени власти почнаа и официјално да предупредуваат за втор бран од Ковид-19 во земјата, и наведуваат дека доколку не се намалат итно бројките одделите за интензивна нега ќе бидат сатурирани за еден месец, јави дописничката на МИА од Брисел.
Русија се залага за продолжување на конструктивниот дијалог со Западот, но од другата страна не наидува на разбирање, изјави денеска потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија и САД ја сфаќаат неопходноста од проширување на програмата за намалување на оружјето (СТАРТ), но оти и понатаму не постои цврст договор за ова прашање помеѓу двете сили.
Полска ја зајакна обуката за медицински сестри и размислува за отворање воени монтажни болници на отворено, имајќи го предвид денешниот рекорд од 6.526 заразени лица, изјавија полските здравствени власти.
Кина упати серија обвинувања за шпионажа против Тајван кои Тајпеј ги осуди како „стапица и уште една причина зошто луѓето се плашат да ја посетат Кина“.
Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска изјави дека Азербејџан има намера целосно да ја окупира територијата на Нагорно Карабах и ситуацијата во зоната на конфликтот ја опиша како многу тешка
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Минската група е заглавена во наоѓање решение за конфликтот во регионот Нагорно Карабах и повтори дека регионот треба да се врати на Азербејџан
Поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 забележан е најголем пад на емисиите на штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, во првата половина од годината, соопштија научниците од пекиншкиот Универзитет Цинхуа
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека вакцината против коронавирус нема да биде задолжителна
Јапонски суперкомпјутер покажа дека влажноста може да има значително влијание врз ширењето на вирусните честички, што укажува на зголемен ризик од зараза со коронавирусот во суви затворени услови во текот на зимските месеци