Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени дека влезот на Грузија во НАТО може да предизвика катастрофални последици. - Тоа може да предизвика ужасен конфликт. Не разбирам зошто е тоа потребно, изјави Медведев за Радио Комерсант.
Полицијата во американската сојузна држава Ново Мексико спаси 11 прегладнети деца, кои живееле во напуштен објект во пустина
Две девојки починале од предозираност со дрога за време на фестивалот Tomorrowland, еден од најголемите фестивали за електронска музика во светот, јавува белгискиот јавен сервис ВРТ, но информацијата не е потврдена ниту од организаторите на фестивалот, ниту од властите.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот син имал состанок со Руси во 2016 година во Кулата Трамп, за да добие информации за противкандидатот на претседателските избори Хилари Клинтон.
Од денеска стапуваат на сила американските санкции против Иран, откако администрацијата на Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран, склучен во 2015.
Белата куќа ќе објави денеска детали за обнова на санкциите кон Иран по наредба на претседателот Доналд Трамп, изјави државниот секретар Мајк Помпео.
Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и лидерот на главната бунтовничка група во државата, Рик Мачар синоќа потпишаа конечен прекин на огнот и договор за поделба на власта.
Саудиска Арабија му наложи на канадскиот амбасадор во рок од 24 часа да ја напушти државата и најави дека ќе ги суспендира сите нови трговски и инвестициски договори со Канада откако канадското Министерство за надворешни работи го повика Ријад да ги ослободи притворените активисти за човекови права.
Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала, кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок.
Висок претставник на Белата куќа негираше американска вмешаност во вчерашната експлзоија со дрон за време на говор пред армијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.