Индексите на њујоршката берза Вол Стрит забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Авганистанската Влада „наскоро“ ќе го заврши процесот на ослободување на талибанските затвореници, важен предуслов за продолжување на мировниот процес со бунтовниците, изјави претседателот Ашраф Гани.
Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија, Џо Бајден изрази загриженост дека Доналд Трамп би можел да се обиде „да ги украде“ изборите во ноември.
Компанијата „Твитер“ соопшти дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.
Њујорк треба да го чува споменикот на Кристофер Колумбо, и покрај неговата улога во насилната колонизација на домородците, изјави гувернерот Ендрју Куомо.
Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеф Борел изјави дека е „многу загрижен“ по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да одобри воведување економски санкции против сите функционери на Меѓународниот кривичен суд (МКЦ), вклучени во истрагите на американските сили.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата ќе инвестира повеќе во обука на полицијата и ќе преземе чекори за зголемување на пристапот до капитал за мали бизниси во малцинските заедници.
Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска благо се зголемија, но неделава се очекува првпат да паднат, по шест недели раст, заради стравувањата од побарувачката во случај на втор бран од заразата со коронавирусот.
Контроверзниот чеченски лидер Рамзан Кадиров им понуди парична помош на мажите во својата земја, кои поради корона-пандемијата, не можат традиционално „да си ги исплатат невестите“, пренесува Би-би-си.
Еден земјопоседник од Индија својот имот им го остави на двата слона што тој ги има. За нив тој вели дека еднаш му го спасиле животот во вооружен грабеж.