ОН објавија посебен извештај во кој се изразува загриженост за „намерните напади“ од неодамна врз здравствени работници и институции во Авганистан за време на пандемијата на коронавирусот
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера регистрирале најголем дневен број на новозаболени од новиот коринавирус од почетокот на пандемијата
Германските власти во Долна Саксонија и Северна Рајна Вестфалија денеска ја повикаа полицијата да помогне во спроведувањето на карантинските мерки по наглиот скок на бројот на заразени со коронавирусот во оние региони каде илјадници луѓе се ставени во карантин.
Најмалку девет цивили и двајца војници загинаа во новиот бран на насилство во Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.
Дубаи од 7 јули ќе дозволи влез на странците, додека странците со резиденцијални визи ќе можат да влезат од утре, соопштија денеска локалните власти.
Авганистанските талибанци киднапирале околу 60 цивили во централната авганистанска провинција Даикунди во текот на изминатата недела, соопштија денеска локалните власти.
Пекинг може да тестира речиси милион луѓе на ден за коронавирусот, изјави денеска кинески официјален претставник, а тестирањето продолжува низ целиот град, во обид да се спречи ново ширење на Ковид-19.
Во земјите од Африка досега се потврдени 293.721 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи од заболувања поврзани со Ковид-19 е 7.778, објави денеска регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.
Рускиот град Верхојанск во Сибир, познат по тоа дека има најекстремни температури во светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба.
Американската валута в 2021 година може да девалвира за една третина, предупреди поранешниот претседател на банката „Морган Стенли Азија“ Стивен Роуч.