Во Шведска бројот на починати од новиот коронавирус достигна 5.041, а вчера изнесуваше 4.939.
Забраната за настани со поголем број луѓе во Германија треба да остане во сила до крајот на октомври и можеби дури и до крајот на годината, покажува документ од германските сојузни покраини за кој Владата треба денеска да разговара во Берлин.
Чичко на сирискиот претседател Башар ал Асад, Рифат ал Асад, во Париз е осуден на четири години затвор за перење пари.
По масовните протести на африканско-белгиското население и барањата на јавноста за конкретни чекори од страна на властите за соочување со злоделата од колонизацијата на Конго, долниот дом на белгискиот парламент денеска даде согласност за составување на собраниска комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потврди дека се поставени специјални тунели за дезинфекција во Кремљ и во резиденцијата на Владимир Путин во Ново-Огариово, преку кои мора да поминат сите што доаѓаат да го посетат, јави руската новинска агенција ТАСС.
САД и испорачаа на Украина воена опрема во вредност од 60 милиони долари, која вклучува противтенковски ракети, со цел земјата да може да и се спротивстави на руската агресија, потврди денеска американската Амбасада во Киев.
Од денеска се отвора јавна консултација во Европската Комисија (ЕК) за изнаоѓање начин да се спречат странски субвенции и инвестиции кои ги поткопуваат правилата на слободна конкурентност во Европската Унија, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан денеска изјави дека ја намалил својата плата за 10 отсто поради пандемијата со Ковид-19 и ја повика британската Влада да ги поддржи локалните власти за да се избегне намалување на јавните услуги.
Германската фармацевтска компанија „КјурВек“ („CureVac“) доби одобрение за клиничко тестирање на својата вакцина против коронавирус.
Групацијата Хилтон Хотели ќе отпушти 2.100 вработени, или околу 22 отсто од вкупната работна сила, поради постојаното намалување на резервациите за хотелско сместување и службените патувања за време на пандемијата на новиот коронавирус.