Во САД, продажбите на стоки за широка потрошувачка како резултат на пандемијата во април се намалиле за 16.4 проценти, се наведува во владин извештај објавен денеска.
Извор во Адмнистрацијата на претседателот на САД соопшти синоќа дека Белата куќа размислува да ја врати Куба во списокот на земји, спонзори на тероризмот.
Кралот на Јордан, Абдула Втори, го предупреди Израел за опасност од голем конфликт меѓу нив, доколку Израел анектира големи делови на окупираниот Западен Брег.
Кина е подготвена да стави американски компании на „список на несигурни правни лица“, како дел од одговорот на одлуката на Вашингтон за блокирање на испораките на полупроводници за Хуавеи, објавија кинески медиуми.
Околу 28,4 милиони планирани операции се откажани или одложени низ целиот свет, како резултат на епидемијата на Ковид-19, според меѓународна студија на група хирурзи CovidSurg Collaborative објавена денеска.
Гувернерот на сојузната држава Њујорк ја продолжи до 13 јуни наредбата за ограничување на движењето, што требаше да биде во сила до петок, освен за петте најмалку населени места во таа држава каде има 20 милиони жители.
Министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастане со засилени контроли, сака да се почитува забраната за одење подалеку од 100 километри од местото на живеење на Французите.
Литванија, Латвија и Естонија ги отворија своите граници создавајќи го првиот „патнички балон“ во Европската унија со надеж дека ќе рестартираат економија совладана од пандемијата на новиот коронавирус.
Во Лондон бројот на новозаразени лица се спушти на 24 на ден, поради што експертите предвидуваат дека за две недели британскиот главен град би можел да биде без нови случаи на Ковид-19, објави „Сан“.
Штрахе закажа прес-конференција на денешен ден, кога пред 65 години беше потпишан Државниот договор со кој Австрија се посвети на трајна неутралност и со тоа се „ослободи“ од сојузничките сили.