Европската комисија остварила разговори со компанијата „Модерна“ од Тексас за евентуална набавка на идните вакцини против Ковид-19, објавено е денеска во Брисел.
Во изминатите 24 часа во Австрија се регистрирани 242 нови случаи на зараза со коронавирусот од направени 6.219 тестови, со што бројот на нови пациенти останува висок, а а во исто време расте и бројот на хоспитализирани.
Шведска најверојатно ќе се соочи со појава на локални жаришта на коронавирусот а есен, додека појава на втор бран на епидемијата не се очекува во овој период, објави денеска шведскиот водечки епидемиолог Андерс Тегнел.
Италија започна клинички испитувања за потенцијална вакцина против Ковид-19, приклучувајќи се на глобалните напори за борба против пандемијата.
Францускиот огранок на Фејсбук се согласи да плати повеќе од 100 милиони евра даночен долг, вклучително и парична казна, кој ги опфаќа сметководствените години пред 2018 година, објавено е на веб-страницата на француското финансиско списание „Капитал“.
Околу стотина родители и наставници се собраа во Монтреал, повикувајќи ја владата на Квебек да го промени планот за враќање на децата во училиштата, со надеж дека промената е сè уште можна пред да почне наставата.
Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останаа заробени под урнатините на зграда со 40 станови што се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар на Мумбај, соопшти полицијата.
Светската здравствена организација соопшти дека употребата на плазма од страна на пациенти излекувани од Ковид-19 сè уште се смета за „експериментална терапија“ и дека прелиминарните резултати што укажуваат на нејзината можна ефикасност сè уште не се „убедливи“.
Иранскиот совет за заштита на Уставот денеска го одреди 18 јуни следната година како датум за претседателските избори во таа земја.
Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации со мобилизирање на националните ресурси и врвни светски истражувачки тимови со цел поттикнување на поквалитетен раст, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, кој учествува на економски и академски семинар.