Здравствени експерти предупредуваат дека е можно зголемување на случаите на заразени со ХИВ, маларија и други болести во светот во следните неколку месеци, додека националните влади се преокупирани со борбата против Ковид-19, јави Си Ен Ен.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.971,558 лица. Од нив починале 273,792, а оздравеле 1.370,749 луѓе.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повтори дека американската Влада не стои зад упадот во Венецуела, што наводно имаше за цел да го собори од власт претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Во зградата на парламентот на Хонг Конг денеска избија судири, при што обезбедувањето исфрли од салата неколкумина законодавци, додека еден пратеник се здоби со повреди и беше изнесен со носила на Итната помош.
Мадрид и Барселона нема да преминат во следната фаза од мерките за олабавување на изолацијата во Шпанија, воведени поради епидемијата на коронавирусот, изјави денеска шпанскиот координатор за итни ситуации Фернандо Симон.
Во изминатите 24 часа во Франција од Ковид-19 починаа 243 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.230, јави дописникот на МИА.
Дел од европските лидери денеска ги повикаа земјите-членки на ЕУ да покажат солидарност и да овозможат усвојување на амбициозниот план за опоравување, а со цел Унијата да излезе од сериозната рецесија предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.
Рускиот претседател Владимир Путин верува дека некои луѓе се обидуваат да и наметнат на Русија лажно чувство на вина, тврдејќи дека Советскиот сојуз наводно бил одговорен за избувнувањето на Втората светска војна.
Околу 10 отсто од студентите ги загубија своите работни места како резултат на епидемијата на коронавирусот, која предизвика прекин на голем дел од економската активност во Франција, јави дописникот на МИА.