И додека земјите лежат замрзнати во карантин и милијарди луѓе ги губат своите средства за живот, јавните личности нагласуваат за пробив што ќе го означи крајот на пандемијата со новиот коронавирус: вакцина.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.687.688 лица. Од нив починале 255.138, а оздравеле 1.220.637 луѓе.
Три американски бродови – разурнувачи вчера впловија во Беренцово море,за првпат од средината на осумдесеттите години на минатиот век кога Студената војна го достигна својот врв.
Софистицирани хакерски мрежи вршат кибер напади врз државни и меѓународни организации кои реагираат на пандемијата на коронавирусот, предупреди денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.
Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко телефонски разговарале за ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, соопшти Кремљ.
На болничко лекување се уште се наоѓаат 24. 775 лица, од кои 3.430 на интензивна нега.
Францускиот министер за култура Франк Ристер соопшти дека од владиниот портал за информации за Ковид-19, на кој имаше избор на статии за вирусот ќе биде отстранет еден негов дел.
Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој се кандидира за реизбор на функцијата, денеска ја доби поддршката на синдикатот „Солидарност“, што е пријателски настроен кон полската Влада.
Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека со генетските разлики меѓу жителите може да се објасни зошто повеќе луѓе починале во некои земји поради вирусот Ковид-19.
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Романија за разрешувањето на директорката на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лаура Ковеси, која во меѓувреме стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама заради нејзините критики против законодавните реформи.