Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан
Повеќе од 3,5 милиони граѓани на ЕУ се пријавиле да останат во Велика Британија под услови претставени по референдумот, соопшти британската Влада.
Германија ќе има речиси 100 милијарди евра помалку приходи од данок поради пандемијата на коронавирусот, процени денеска министерот за финансии Олаф Шолц.
Прекинот на јавниот и економскиот живот во Австрија поради мерките за борба против ширењето на коронавирусот предизвика загуба од 12 милијарди евра, објави Националната банка на Австрија (ОеНБ).
Граѓаните на Франција ќе заминат на годишен одмор летово во текот на јули и август, нагласи премиерот Едуард Филип, и објави пакет вреден 18 милијарди евра наменет за спас на домашниот туризам, јави дописникот на МИА.
Напорите за контрола на пандемијата со коронавирусот би можеле да бидат загрозени доколку граѓаните се спротивстават на препораките на владите, предупреди денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Германија сака постепено да ги отвори своите граници со некои соседни земји, додека другите држави од Европската унија се уште се внимателни за тоа прашање.
По најавата на францускиот фармацевтски гигант „Санофи“ дека ќе му даде предност на американскиот пазар при испораката на вакцината против Ковид-19, откако ќе се развие вакцината, од ЕУ дојдоа остри критики.
Носењето маски во Лос Анџелес на отворено сега е задолжително за сите лица над две години. Целта е да се помогне да се запре ширењето на коронавирусот. Тоа го изјави градоначалникот Ерик Гарсети.
Врвен експерт на федерален оддел задолжен за вакцини и борба со заразни болести, денеска на сведочење во американскиот Конгрес истакна дека без соодветни мерки, коронавирусот може да го засени и шпанскиот грип од 1918 година.