Европската комисија денеска и одобри на Франција помош од седум милијарди евра за авиокомпанијата Ер Франс, за надминување на последиците од кризата со новиот коронавирус
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан истакна дека пронаоѓање вакцина за новиот коронавирус може да потрае неколку години, откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вакцината може да се очекува кон крајот на 2020 година
Француската Влада ги претстави упатствата за претпријатијата кои ќе треба да ги спроведат за безбедно враќање на нивните вработени на работните места по изолацијата за коронавирусот. Меѓу другото на секој вработен треба да му се гарантира минимален простор од 4м²
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради коронавирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај
Поддршката за земјите од Европа и централна Азија во борбата против пандемијата на новиот коронавирус досега изнесува повеќе од 1,4 милијарди долари, соопшти денеска Светска банка
Теориите на заговор се шират без никаква основа и без соодветно проверување на фактите и тие може да содржат бескорисни, погрешни, па дури и штетни информации и совети, кои можат да го попречат одговорот на јавното здравство на кризата со Ковид-19 и да придонесат за социјални немири и поларизација, смета шеф на Политичкиот оддел во Регионалниот совет за сорботка (РЦЦ), Амер Капетановиќ
Италијанската Влада има план да отвори фабрики, продавници, кафулиња, ресторани, па дури и берберници, но не и да ги отвори училиштата до есен. Милиони Италијанци се многу незадоволни од ова
Во Италија, првата европска земја што воведе општи карантински мерки во борбата против новиот коронавирус, денеска, по два месеца изолација, ќе започне постепено олабавување на рестриктивните мерки, со што околу 4,4 милиони луѓе ќе се вратат на работа
Авганистанските талибанци денеска ја презедоа одговорноста за напад врз воениот комплекс во јужната провинција Хелманд, во кој, како што тврдат, има загинати и повредени
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веќе се смета за можно речиси 100.000 Американци да умрат од Ковид-19, откако бројот на починати ги надмина неговите претходни проценки