Бруто домашниот производ (БДП) на САД во првото тримесечје годинава како резултат на пандемијата се намали за 4,8 проценти на годишно ниво, соопшти денеска од Бирото за економска анализа при Министерството за трговија на САД.
Во администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ја исклучуваат можноста поради пандемијата на коронавирус невработеноста во земјата да порасне до 20 проценти.
Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Американскиот потпретседател Мајк Пенс одлучи да не носи маска за време на посета на болница во сојузната држава Минесота, соопшти денеска Си-Ен-Ен.
Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 починале 89 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 3.081, јави агенцијата Анадолија.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и вицеканцеларот Вернер Коглер денеска најавија нов пакет за поттик на економијата.
Најмалку 160 лица во пошироката територија на Милано и 1.200 лица низ Ломбардија биле во контакт со Ковид-19 околу 26 јануари, неколку недели пред да се открие првиот случај на новиот коронаворис, покажа анализа на работна група од тој италијански регион.
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 427 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка достигна 24 087, јави дописникот на МИА.
Најголемите германски производители на автомобили ја повикаа германската Влада да помогне за заживување на побарувачката, бидејќи епидемијата на коронавирусот предизвика загуби во првиот квартал од оваа година.
Велика Британија и Европската унија треба да постигнат трговски договор до крајот на годината за да се стави крај на секоја понатамошна неизвесност, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.