Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Станува збор за повеќе од 1,5 милијарди луѓе, објави Би-Би-Си.

ИЛО наведува дека во најголема опасност се оние кои работат неформално и работниците во малопродажниот сектор, производство и прехранбената индустрија.

Веќе две милијарди неформални работници добиле просечно 60 проценти помалку плата во текот на првиот месец од пандемијата.

– За милиони работници, отсуството на приход значи дека нема храна, нема безбедност и нема иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај дишат, изјави генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер.

– Тие немаат заштеда или пристап до кредит. Тие се вистинските лица на светот на трудот. Ако не им помогнеме, тие едноставно ќе пропаднат, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2020 00:11