Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека е уверен оти летово, со поддршка на САД ќе може да анектира поголеми делови од Западен Брег
Италијанскиот поремиер Џузепе Конте синоќа изјави дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени парковите во Италија и оти луѓето ќе можат да ги посетуваат своите роднини кои живеат во ист регион
Повеќе градови во Франција сакаат да охрабрат возење велосипеди низ градските улици по укинувањето на изолацијата, за да се избегне масовно превоз со автомобили и големо загадување на воздухот, за што се сомневаат дека го зголемуваат ризикот од новиот коронавирус.
Голем број луѓе денеска заминаа на плажите во Калифорнија и покрај апелите на властите да избегнуваат такви излети и да продолжат да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
Жителите на Њујорк мора да се вратат на работа, што е една од непосредните цели во рамките на напорите градот што побргу да закрепне од епидемијата на коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Бил де Блазио.
Ова е ситуација без преседан. Ова не е финансиска криза, ова е – се угасивме, рече Мнучин.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за оставка на министерот за здравство Алекс Азар, соопшти синоќа „Политико“, повикувајќи се на свои извори.
Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број на починати од коронавирусот во Европа.
Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс н а починати од вирусот Ковид-19 јасно се намалува, со што продолжува да се намалува притисокот врз француските болници, јави дописникот на МИА.
Реагирајќи на притисокот од јавноста за отворање на фризерските салони и покрај пандемијата на коронавирусот, лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров ја избричи главата и ги повика и другите да го сторат истото.