Околу 6,8 милиони Канаѓани кои останале без работа поради епидемијата на коронавирусот моментално примаат 2.000 канадски долари или околу 1.300 евра месечно поддршка од сојузната Влада
Бројот на пријави за семејно насилство во Лондон се зголемил за една третина во последните шест недели, соопшти управата на лондонската полиција и упати апел до жртвите да пријават насилство со ветување дека нема да бидат казнети поради кршење на мерките за социјално дистанцирање и ограничување на движењето
Претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Франческо Рока ги повика владите да почнат да размислуваат за нешто слично на Маршаловиот план, кој им помогна на земјите да закрепнат после Втората светска војна
Италијанска Влада бара од Парламентот да одобри огромни износи за нови трошења, со што драстично ќе се зголеми државниот јавен долг на земјата која е една од најпогодените од епидемијата на Ковид-19
Една од првите личности на кои се тестира новата вакцина против коронавирусот е романописецот и поранешен детски ТВ водител Симeон Корти кој ги откри можните нуспојави од вакцината.
Унгарија ќе започне да ги олеснува воведените заштитини мерки на почетокот на мај, рече денеска премиерот Виктор Орбан, изразувајќи очекувања за брзо економско закрепнување од епидемијата.
Бендот „УНРокс” основан од шестмина дипломати, поранешни и сегашни амбасадори на Обединетите Нации, заедно со повеќе пријатели сними нова верзија на песната „Heal the World” на Мајкл Џексон.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша закон за финансирање на последиците од пандемијата на коронавирусот вреден околу 500 милијарди долари со кој ќе бидат проширени можностите за кредитирање на мали претприемачи во периодот на деловното закрепнување.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил саркастичен кога зборувал за можноста за вбризгување дезинфициенти во човечкото тело за лекување на коронавирусот.
Бразилскиот министер за правда Сержо Моро, кој стана популарен како „борец против корупцијата“, денеска поднесе оставка и тоа откако претседателот Жаир Болсонаро одлучи да го смени шефот на сојузната полиција во екот на епидемијата на Ковид-19.