Бројот на починати од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на претходниот ден кога изнесуваше 437, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Бројот на починати во болниците во Велика Британија во изминатите 24 часа се зголеми за 616 на вкупно 18.738, соопшти денеска британското Министерство за здравство.
Швајцарската Влада предвидува пад на бруто домашниот производ од 6,7 отсто за оваа година, наведувајќи дека рецесијата, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе биде полоша отколку што се стравуваше во март.
Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, е информиран за политичкиот договор за формирање нова влада во Израел, но потсетува дека ЕУ не отстапува од своите ставови околу анексијата на палестинските територии, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во видеоконференција со градоначалниците и претставниците на здруженијата на избрани функционери на Франција, претседателот Емануел Макрон соопшти дека постепеното подигање на ограничувачките мерки не треба да се прави по региони и дека ќе биде прилагодено на реалност на секој од регионите.
Велика Британија најверојатно ќе биде погодена од најтешката економска криза во неколку векови, откако економските активности практично замреа како резултат на пандемија на коронавирусот. Тоа го предупреди денеска еден од стратезите на Банката на Англија.
Ханс Клуге, шеф на Светската здравствена организација за Европа, изјави денеска дека половина од жртвите на новиот коронавирус во Европа се штитеници во домови за нега на стари лица.
Верската служба во Австрија повторно ќе се одржува од 15 мај, но со задолжително носење заштитна маска и растојание од два метра помеѓу верниците, соопшти денеска австриската министерка за култура и верски парашања, Сузан Раб.
Земјоделството и прехранбениот сектор во ЕУ ќе добијат посебни вонредни мерки за помош од Европската комисија (ЕК) за да се справат со последиците од кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската унија го одложи за една година спроведувањето на регулативата за медицински уреди, со што се ослободува енергијата и ресурсите на медицинската индустрија за таа да се посвети целосно на предизвикот од коронавирусот, порача Европската комисија (ЕК).