Во видеоконференција со градоначалниците и претставниците на здруженијата на избрани функционери на Франција, претседателот Емануел Макрон соопшти дека постепеното подигање на ограничувачките мерки не треба да се прави по региони и дека ќе биде прилагодено на реалност на секој од регионите. Планот за олеснувањето на мерките, исто така, ќе биде претставен најверојатно до вторник, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон, исто така, ги извести претставниците на локалните и регионалните власти дека списокот со лица овластени да носат маска ќе биде продолжен, како и за носењето на маска во јавниот транспорт. Повторувајќи ги најавите дадени од министерот за образование Жан-Мишел Бланаке, претседателот потсети дека враќањето на училиште ќе биде на доброволна основа од 11 мај и тоа ќе биде програмирано во текот на три недели.

Првата недела од 11 мај: некои од основците (трета година забавиште, прво и петто одделение) ќе можат да се вратат на училиште. Особено приоритет ќе им се даде на учениците во зоната на приоритетно образование и на малите одделенија во руралните области.

Втора недела, од 18 мај: на училиште се враќаат шесто и деветто одделение. Покрај тоа, ученици од 1 и з година средно, како и индустриските работилници во стручните средни училишта.

Третата недела, од 25 мај: ќе можат да се вратат на училиште сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 23:05