Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина за евентуални „последици„ доколку била „свесна за одговорноста“ за пандемијата на коронавирус.
Здравствените работници излегоа на улиците на поголемите американски градови, барајќи од федералните и национални власти побезбедни услови за работа и заштитна опрема неопходна за борба против пандемијата на коронавирусот.
Ограничувањето на движењето и пораката „остануваме дома“, забраната за одење на гости, собирање во дворови и печење јагне на ражен се само дел од причините, Грците, оваа година, за Велигден принудно и привремено да се откажат од нивните досегашни навики и традиции и да се адаптираат на новата ситуација наметната од пандемијата на коронавирусот
Повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Пол Мекартни, Лејди Гага, Килерс, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлип, одржаа виртуелен концерт „Еден свет – заедно дома“ во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот
Израел од денеска може да почне со ублажување на ограничувањата воведени во борбата против новиот коронавирус, соопшти синоќа премиерот Бенјамин Нетанјаху
Градските власти во Њујорк им препорачаа на жителите да предупредат за нарушување на барањата за одржување физичка дистанца, соопшти преку Твитер градоначалникот Бил де Блазио
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на рестриктивните мерки со цел запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус
Бројот на заразени од новиот коронавирус во САД е зголемен за 29.002 за последните 24 часа и сега изнесува 690.714, соопштија од Националната здравствена служба на САД
Најмалку 20 вработени во палатата на авганистанскиот претседател се позитивни на новиот коронавирус, соопштија двајца владини претставници за француски медиуми