Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во еден ден во Италија повторно се зголеми – во изминатите 24 часа има 619 нови смртни случаи, додека вчера беа – 570.
Мерките на ограничување кои се на сила од пред три седмици во Монако се продолжени до 3 мај, ова како дел од борбата против епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Во Франција на режим на парцијална невработеност се наоѓаат осум милиони работници, од повеќе од 700.000 претпријатија, односно повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор, јави дописникот на МИА.
И покрај тврдењата дека вакцина против коронавирусот нема да биде достапна барем во наредните 12 до 18 месеци, тим научници од Оксфорд тврдат дека се може да биде готово и многу побрзо.
Земјите од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт, со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата со Ковид-19.
Австриската полиција од денеска ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат мерките на Владата за борба против коронавирусот.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска апелираше до верските водачи од сите вери да работат за мир низ целиот свет и да се фокусираат на заедничка битка против коронавирусот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди испраќање „голем пакет помош“ за Италија, држава сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.
Пандемијата на коронавирус зеде катастрофални димензии, училиштата мора да бидат затворени, изјави тој.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Калифорнија.