Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе побара од Европска унија нови преговори за начинот за излегување на Велика Британија од ЕУ на 29 март, јави Би-Би-Си.
Европскиот комесар за безбедносна унија, Џулијан Кинг, на денешната прес-конференција посочи дека според бројките на Фејсбук три до четири отсто од профилите на социјалната мрежа се лажни и побара од компанијата да преземе мерки против тоа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германската министерка за правда Катарина Барли денеска изјави дека нема простор за повторни посериозни преговори за договорот за Брегзит.
Благодарение на нафтата Венецуела беше една од најбогатите држави во Јужна Америка, но поради економската и политичката криза земјата се соочува со глад, криминал и судири.
Комисија на Европскиот парламент во текот на денот треба да предложи безвизен режим за Британците во ЕУ, по Брегзит, без оглед дали излегувањето од Унијата ќе се одвива без договор или со регулирани идни меѓусебни односи.
Највисокиот суд во Пакистан ја потврди ослободителната пресуда за Асја Биби, христијанката која беше осудена на смрт поради богохулење, и таа може да ја напушти земјата.
Најголемата платформа за заштита на животните во Белгија, Гаја, предупредува дека земјата е најголем увозник на месо од кенгур и бара да се спречи оваа пракса, јави дописничката на МИА од Брисел.
Специјалната известувачка на ОН Агнес Каламард и нејзиниот тим експерти денеска ја посетија околината на саудискиот Конзулат во Истанбул, во рамките на истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Пратки со заканувачки писма и прав, за кој се претпоставува дека е калиум цијанид, се испратени на адреси на повеќе од десет јапонски компании, вклучувајќи и весници и производители на лекови, објавија локалните медиуми.
Вашингтон и неговите најблиски сојузници отворено спроведуваат политика чија цел е соборување на легитимната власт во Каракас, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.