Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека поради пандемијата на коронавирус треба да се почека со планирањето летен одмор.
Според анкетата на Ифоп за весникот „Журнал ди диманш“, слабее довербата на Французите за тоа како Владата се справува со здравствената и економската криза предизвикана од ширењето на коронавирусот.
За првпат од избувнувањето на епидемијата, бројот на излекувани од коронавирусот во Германија го надмина бројот на заразени. Тоа го соопшти денеска берлинскиот институт за вирологија „Роберт Кох“.
Во колумна објавена во „Ле Журнал ди Диманш“ деветнаесет претседатели на департмани од редовите на Социјалистичката партија, се со став дека воведувањето универзален основен приход „би ги сменило стандардите на човечката солидарност“.
Мас изразува мислење за глобалното справување со кризата и ги критикуваше САД за бавно дејствување, а Кина за авторитарен пристап.
Секој што сака да вози автомобил во Москва, ќе мора да побара дозвола, изјави синоќа градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собијан.
Медицинскиот персонал во Велика Британија се уште нема доволно заштитна опрема потребна при лекување пациенти со коронавирусот, соопшти синоќа Британското медицинско здружение (БМА).
Велика Британија вети дека ќе и даде 200 милиони фунти на Светската здравствена организација, Црвениот крст и другите организации за да помогне во забавување на ширењето на коронавирусот во тешко погодените држави и да помогне во спречувањето на втор бран заразени.
Тоа е намалување од 4.133 случаи регистрирани вчера.
Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот, предупреди претседателката на Европската комисија.