Раководството на американскиот авиопроизводител „Боинг“ размислува за намалување на работната сила за 10 проценти, во околности на коронакриза, јави „Вол Стрит Џурнал“.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.615.092 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 96.791, а оздравеле 362.542 луѓе.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.607.595 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 95.785, а оздравеле 357.164 луѓе.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста
Секојдневното ажурирање на графиконите што ја илустрираат стапката на смртност предизвикана од Ковид-19 им помага на експертите да го разберат ширењето на вирусот и начинот на кој ширењето може да се спречи
Повеќе од 100 крузери и 90.000 членови на екипажи се заробени на море во или во близина на американските води и пристаништа, јави Еј-Би-Си повикувајќи се податоци од Крајбрежната стража
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најголемите земји производители на нафта, Русија и земјите од ОПЕК, се многу блиску до договор што би спречил цената на тој енергенс да продолжи да се намалува
Малта веќе не може да гарантира спасување на мигрантите или да им дозволи да бидат пренесени на нивна територија за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата на Малта
Бројот на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.155 за еден ден и веќе е 112.348 лица
Истанбулската аптекарска комора и турското Министерство за здравство одлучија бесплатно да дистрибуираат маските на граѓаните во Истанбул