Берни Сандерс, сенаторот од Висконсин, ја напушта трката за претседателски кандидат на Демократската партија на САД за изборите што се закажани за 3 ноември, соопштија од неговиот изборен штаб, јави ДПА.
Неколку патници на индонезискиот брод „Ламбел“ скокнале во море и отпливале до брегот, откако властите се обиделе да го блокираат неговото закотвување од страв од сомнителни случаи на коронавирус.
Петмина шумски работници кои оделе на работа загинаа од експлозија на импровизирана експлозивна направа во близина на градот Кулп, југоисточна Турција.
Во француските болници се регистрирана нови 541 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на починатите од почетокот на епидемијата достигна 10.869 мртви, јави дописникот на МИА.
И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на умрени, во споменатиот извештај на Агенцијата се наведува дека „ во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата“.
Велика Британија за едно деноноќие забележа рекордни 938 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати во земјата надмина 7.000 лица.
Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер смета дека неуспехот на Еврогрупата да пронајде заедничка и амбициозна економска реакција на кризата со коронавирусот, би била „незамислива“ и се надева дека земјите од еврозоната ќе најдат договор во четврток.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, објави „алатки“ за сите европски влади за почитување на човековите права и демократија и владеење на правото за време на кризата со КОВИД-19.
Папата Франциск денеска ги осуди луѓето кои пандемијата од коронавирусот ја користат за брза заработка, а посебно се осврна на „лицемерието“ на одредени политичари во пристапот кон кризата.
Европската федерација на новинари (ЕФН) се сретна со потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, и побара пакетите за спас од економската криза што ги подготвува ЕК да вклучуваат посебни мерки за помош за медиумскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел.