Две жителки на австриската покраина Тирол се запознале пред повеќе од 70 години, во клиника во градот Инсбрук. Тие сега повторно се сретнаа – овојпат поради зараза со коронавирус
Во Италија денеска се сруши мост и повреден е возач на камион, изјави портпаролот на италијанската противпожарна бригада
Холандскиот министер за финансии, Вопке Хукстра денеска изјави дека создавањето на корона-бврзници би направило повеќе проблеми отколку решенија во обид да се обнови економијата откако ќе помине кризата со новиот коронавирус
Болничкото лекување на коронавирус во САД може да чини од 42.486 до 74.310 долари, што секој поединец без осигурување би морал да плати, доколку не се усвоеше пакетот за помош од 2.000 милијарди долари за санирање на последиците од вирусот, од кој ќе бидат покриени трошоците на болниците
Францускиот бруто-домашен производ (БДП) е намален за околу шест отсто во првото тримесечје од 2020 година, силно погоден од епидемијата со Ковид-19, соопшти Банк де Франс
Мал број компании во Велика Британија успешно добија пристап до финансиската помош на Владата за справување со економските последици од коронавирусот, додека многу повеќе засега не успеваат, покажа студија објавена денеска
Јапонската економија е на пат да ги намали рекордните 25 проценти во овој квартал и покрај владиниот пакет мерки објавен вчера за решавање на последиците од коронавирусот, кои влијаат на потрошувачката и на растот на компаниите
Претседателот на францускиот Научен совет Жан Франсоа Делфреси денеска нагласи дека е„исклучитено важно“ да продолжат мерките на ограничено движење што се на сила од 17 март во Франција
Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа
Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге изјави денеска дека ширењето на вирусот Ковид-19 во Европа е многу загрижувачко и ги повика владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на преземените мерки за да се спречи ширењето на вирусот