Поранешниот американски потпретседател и актуелен кандидат на демократите за претседателска номинација на изборите во САД, Џо Бајден, денеска изјави дека може да се промени начинот на гласање на изборите, но не и терминот за избор на претседателот на САД.
Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Корија, во отсуство е осуден на осум години затвор за корупција за време на неговото 10-годишно владеење, соопшти еквадорскиот главен обвинител.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска најави дополнителни 225 милиони американски долари помош за глобалната борба против пандемијата на коронавирусот.
Во Њујорк е забележен најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата на коорнависруот, бидејќи се регистрирани 731 нови смртни случаи, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 5.489.
Израелската Влада одлучи да воведе обврзно носење на заштитни маски со цел да се спречи натамошно ширење на новиот коронавирус.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО), обвинувајќи ја дека била премногу лабава кон Кина на почетокот на епидемијата и дека и давала лоши совети.
Иранскиот Парламент денеска ја оддржа првата седница по неколкунеделната пауза заради коронавирусот, чие ширење во земјата продолжува да се намалува.
Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам повеќе нема да ја извршуваа таа функција, туку ќе работи како шеф на кабинетот на првата дама на САД, Меланија Трамп.
Светската здравствена организација нема препораки за земјите и регионите за олеснување на мерките поради забавувањето на ширењето на пандемијата од коронавирусот.
Во американската сојузна држава Висконсин денеска се гласа на прелиминарните избори за демократски претседателски кандидат, но не се знае дали изборите ќе бидат успешни, откако судот одлучи дека гувернерот на државата нема надлежност да ги одложи изборите.