Околу 20 проценти од децата заразени од коронавирус во САД имаат потреба од болничко лекување, а хоспитализација е најверојатна кај бебиња на озраст помала од 12 месеци, покажува првата анализа на болеста кај најмладите пациенти
Повеќе од 60 проценти од државните и општинските училишта во Јапонија ја продолжија работата или се подготвуваат да го сторат тоа и покрај ширењето на коронавирусот и претстојната вонредна состојба во Токио и уште шест префектури, соопшти Министерството за образование
Болниците низ САД пријавиле недостиг од тестови и заштина опрема во борбата со коронавирусот и изразиле загриженост за заштитата и здравјето на болничкиот персонал, се дознава од извештај на генералниот инспектор на Министерството за здравство на САД објавен синоќа
Армиско-полициски погранични контролни пунктови за проверка на возила што пристигаат од други места за првпат се појавија меѓу неколку сојузни држави во САД, додека властите во Њујорк размислуваат парк во градот да пренаменат во гробница, јави Њујорк тајмс
На оној свет отидоа скоро истовремено, во временско растојание од шест минути, иако нивниот син вели дека нивната состојба укажувала дека ќе ја пребродат болеста
Британскиот премиер Борис Џонсон е префлен на интензивна нега во болницата „Сент Томас“ во Лондон откако неговата здравствена состојба предизвикана од коронавирусот се „влошила“, соопшти Даунинг стрит, пренесе Би-Би-Си.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.328.441 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 73.759, а оздравеле 277.295 луѓе.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.289.820 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 70.625, а оздравеле 272.115 луѓе.
Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани 833 смртни случаи, со што бројот на починатите од Ковид-19 достигна 8.911 од почетокот на епидемијатам, јави дописникот на МИА.
Претседателката на Европската комисија, Усрусла фон дер Лајен најави дополнителна помош за европските земјоделци, со цел да им се обезбеди на Европејците пристап до квалитетна храна, која нема да поскапува, без разлика на последиците од кризата со Ковид-19.