Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека од 11 април ќе продолжат економските активности „со низок ризик“ во земјата која е најмногу погодена од пандемијата на Ковид-19 на Блискиот исток
Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Токио за 24 часа изнесува 130, со што вкупниот број на инфицирани е повеќе од 1.000
Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Унгарија се искачи на 733, со уште две смртни случаи, објавено е на сајтот koronavirus.gov.hu
Кина вчера пријави 30 нови случаи на коронавирусот, 19 повеќе од претходниот ден, соопштија кинеските здравствени работници, наведувајќи дека расте бројот на локална трансмисија на вирусот, но и на случаи кои доаѓаат од странство
Првите два случаи на коронавирусот се потврдени во рускиот регион Камчатка на Далечниот исток, објави денеска регионалната Влада
Мексиканското Министерство за здравство објави дека досега во земјата се регистрирани 1.890 случаи на коронавирусот
Бројот на заболени од коронавирусот во Бразил се зголеми за 1.222 во последните 24 часа, достигнувајќи 10.278 болни, соопшти денеска државното Министерство за здравство
Здружението на професионални фудбалери во Премиер лигата го доведе во прашање повикот на лигата за намалување на платите од 30 отато, како резултат на кризата со КОВИД-19, велејќи дека намалувањето на месечните финансиски плати ќе ги ограничи приходите за Националната здравствена служба
Неколку австралиски здравствени функционери денеска изјавија дека се „претпазливо оптимистични“ кога станува збор за забавување на ширењето на коронавирусот во земјата, но предупредија дека ограничувањата за социјална дистанца со месеци ќе останат во сила
Покрај 5.532 смртни случаи од Ковид-19 во болниците во Франција, официјално има уште „најмалку 2 028“ смртни случаи во домовите за стари лица и други медицински и социјални установи, објави синоќа генералниот директор за здравство Жером Саломон