Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека од 11 април ќе продолжат економските активности „со низок ризик“ во земјата која е најмногу погодена од пандемијата на Ковид-19 на Блискиот исток.

– Под надзор на Министерството за здравство, сите економски активности со низок ризик ќе продолжат од сабота, рече Рохани.

Според Worldometers, во Иран со коронавирусот се заразени 55.743 лица, а 3.452 починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2020 13:10