Бројот на заразени со коронавирусот во Африка достигна 7.741 од кои 313 лица починале, а 640 оздравеле, соопшти денеска Африканската унија
Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Португалија денеска надмина 10.000 денес, а министерката за здравство Марта Темидо ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките за борба против епидемијата, бидејќи, како што рече, „сè уште не гледа светло на крајот на тунелот “
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вети дека унгарската Влада ќе отвори толку работни места колку што ќе бидат изгубени за време на кризата поради епидемијата на коронавирусот.
Бројот на починати од новиот коронарниот во Велика Британија се зголеми за 20 проценти од претходниот ден и сега изнесува 4.313, соопшти денеска Министерството за здравство
Откако неколку недели извршната власт на Франција уверуваше дека маските треба да бидат резервирани за болните и медицинскиот персонал, се чини дека се подготвува сега да го препорача носењето на маски за целото население
Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во документарецот Опасен вирус, кој се емитуваше на телевизијата Росиа-1
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници нема да одржат вонреден виртуелен состанок во понеделник, и најверојатно ќе го одложи за 8 или 9 април
Во Германија во последните 24 часа се потврдени уште 6.082 случаи на коронавирусот, малку помалку од претходниот ден, објави денеска Институтот Роберт Кох
Бројот на потврдени смртни случаи од коронавирусот во Холандија се зголеми за 164 на 1.651 соопштија денеска здравствените власти
Претседателските избори во Полска ќе се одржат во мај и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателот Анджеј Дуда за католичкиот весник „Наш дневник“