Американската сојузна држава Калифорнија денеска го објави планот за порано ослободување на 3.500 затвореници, загрижена за нивната безбедност поради опасноста од ширењето на коронавирусот, јави ДПА.
Израелскиот парламентарен одбор и одобри на разузнавачката служба да собира лични податоци од граѓаните. Оваа контроверзна мерка израелските власти ја воведуваат во рамките на обидите да го запрат ширењето на заразата со коронавирусот.
Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел синоќа ја поздрави одлуката за целосно укинување на таксите за артикли од Србија и од Босна и Херцеговина, што ја донесе косовската Влада.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ.
Светската здравствена организација (СЗО) ќе и додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот коронавирус.
Како резултат на епидемијата на коронавирус, аеродромот Орли во Париз вчера вечер ги затвори вратите на неодредено време. Сепак, тој ќе продолжи да прифаќа државни и медицински летови и пренасочувања во итни случаи, јави дописникот на МИА.
„Европските граѓани секоја вечер се наоѓаат на балконите и прозорците за да им оддадат почит на здравствените работници, но Европа не смее да биде задоволна со аплауз и благодарност, рече Луис Леите Рамос (Португалија , ЕНП / ДХ), претседател на Комисијата за социјални прашања, здравство и одржлив развој на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јави дописникот на МИА.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 873.008 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 43.275, а оздравеле 184.596 луѓе
Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани нови 1.189 случаи на заразени со коронавирусот во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк.