Светската здравствена организација (СЗО) ќе и додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

Властите во Пјонгјанг тврдат дека во земјата се уште нема заразени од Ковид-19, но набљудувачите тврдат дека тоа е малку веројатно.

Во Северна Кореја се во сила мерки за борба против коронавирусот, вклучително и затворање на границите и воведување карантин за спречување на епидемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2020 16:22