Вкупно 39 населени места во 18 окрузи во Турција се ставени во карантин денеска од 15 часот по локално време, како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.+
Јужна Кореја најави дека на сите семејства, освен на најбогатите, итно ќе им префрли на сметка финансиска помош за да можат полесно да се изборат со коронакризата, а во план е уште еден буџетски додаток со цел да се олесни притисокот врз економијата.
Еден месец на ограничено движење ќе го намали БДП на Франција за 2,6 процентни поени, проценува ОФЦЕ (Француската опсерваторија за економската коњуктура). Мерката пресметана од организацијата ќе биде „приближно“ удвоена, доколку ограничувањето се прошири. Сепак, одредени фактори може да ги зголемат конечните последици, јави дописникот на МИА.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува неговиот руски колега Владимир Путин да побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор.
Италија ја повика Европската унија да биде на висина на задачата што ја поставува пандемијата на Ковид-19, бидејќи во спротивно на Унијата и се заканува смртна опасност.
Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс излезе од самоизолација, која ја воведе самоиницијативно откако резултатите од тестирањето му покажаа дека е позитивен на новиот коронавирус.
Австриските власти забрануваат употреба на хотелите за туризам како дел од широките напори да се забави ширењето на новиот коронавирус, со оглед на претстојните велигденски празници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се самоизолира, откако беше утврдено дека негов парламентарен соработник е позитивен на коронавирусот.
Владата на Велика Британија го назначи Кен Мекалам за нов директор на МИ5, објави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател.
Познатата водителка на вести на Си-Би-Ес, Марија Меркејдер почина вчера на 54-годишна возраст, како последица од заразата со коронавирус.