Италија ја повика Европската унија да биде на висина на задачата што ја поставува пандемијата на Ковид-19, бидејќи во спротивно на Унијата и се заканува смртна опасност.

„Без солидарност, врските и причините за постоењето на (Европската унија) паѓаат во вода“, предупреди претседателот на Европскиот парламент, италијанец Дејвид Сасоли, во интервју за весникот „Кориере дела Сера“ во кое тој испрати оптимистичка порака – „Точно е дека (…) Европа се зацврстува преку кризите со кои се соочува“.

„Европа може да стане посилна“, нагласи тој.

Но, услов за тоа е „земјите-членки да разберат дека не можат да излезат (од кризата) доколку секоја се грижи за себе“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2020 20:27