Патрик Девеџијан, претседател на департманскиот совет на Горна Сена и поранешен француски министер, почина на 75 години.
Владата на Едуар Филип вети построги мерки за да ги натера Французите да останат дома.
Вкупно 220.000 претпријатија во Франција побарале делумна невработеност за 2,2 милиони вработени, јави дописникот на МИА од Париз.
На Филипини експлодираше авион, кој превезувал пациенти и медицинска опрема.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 684,641 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 32,180, а оздравеле 146,400 лица.
Во Холандија бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти, додавајќи дека порастот на смртни и хоспитализирани случаи покажува знаци на забавување
Властите во Норвешка најавија спроведување тестирање по случаен избор за коронавирус, по примерот на Исланд
Со хоспитализирани 3.777 лица, од кои 786 на интензивна нега и 757 смртни случаи, регионот Гранд-Ест (Источна Франција) е најпогодениот во Франција, а француските власти одлучија да бидат евакуирани дел од пациентите кон помалку погодените региони на земјата
Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата, изјави министерот за спорт, Винченцо Спадафора
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го поддржа минатонеделниот апел на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш за прогласување на примирје секаде, со цел светот да се форкусира на борба против пандемијата на Ковид-19