На Филипини експлодираше авион, кој превезувал пациенти и медицинска опрема.

– Се самоуби министерот за финансии на Хесен, Томас Шафер, а премиерот на таа сојузна германска држава претпоставува дека причина се финансиските потешкотии предизвикани од коронавирусот.

– Во Србија 82 новозаразени лица, и сега има вкупно 741. Од вчера починаа уште три лица и сега смртниот биланс во таа земја изнесува 13.

– Федерацијата БиХ донесе наредба за задолжително носење маска. Полицискиот час е скусен и сега трае од 20 до 05 часот.

– Бројот на заразени во Холандија надмина 10 илјади.

– Во Португалија од Ковид-19 почина 14-годишно момче.

– Водечкиот светски произведувач на заштитни ракавици, малезиската компанија Топ глав, предупреди денеска дека може да дојде до недостиг на заштитни ракавици поради екплозијата на побарувачка од Европа и САД. Таа фирма произведе речиси петтина од заштитните ракавици кои во моментов се користат во светот, а денеска предупреди дека побарувачката ги надминува нивните капацитети. Поради тоа, компанијата ги продолжи роковите на испорака,, соопшти извршниот претседател на Управниот одбор Лим Ви Чаи.

– Институтот Роберт Кох предупредува дека во Германија е можно италијанско сценарио.

– Папата Франциск повика на глобален прекин на огнот.

– Иран потврди уште 123 смртни случаи, со што вкупниот број се зголеми на 2.640. Бројот на заразени достигна 38.309 лица.

– Французите ги пренаменуваат брзите возови во болници.

– Холандија на Кина и врати околу 600 илјади неисправни заштитни маски, откако на 21 март им биле испорачани 1,3 милиони маски. ж

– Во Швајцарија бројот на смртни случаи се зголеми на 282, а бројот на заразени се зголеми на 14.352.

– Токио потврди 68 нови случаи, што е рекордно дневно зголемување. Јапонските власти стравуваат од пораст на коронавирусни инфекции во земјата. Во Јапонија досега се заразени 1880 луѓе, а 55 починале. Милиони луѓе во Токио се замолени само да не ги напуштат своите станови до 12 април, освен кога е неопходно.

– Досега во Србија се поднесени 678 кривични пријави против оние кои ја прекршиле мерката за самоизолација. Казната е до три години затвор, пренесува РТС.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2020 20:35