Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика лидерите на ЕУ да работат посилно за да го ублажат влијанието на пандемијата на коронавирусот врз економиите, откако европскиот блок се подели околу тоа колку далеку да се оди со мерките.
Претседателот на Фејсбук Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан заедно со добротворниот фонд на еден од основачите на Мајкрософт Бил Гејтс, ќе дадат 25 милиони долари за истражување на препарати, со кои може да им се помогне на заразените со коронавирусот.
Во последните 24 часа во Италија починаа 969 лица од новиот коронавирус, а регистрирани се 5.909 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 9.134, а потврдени се 86.498 заболени.
Три лекови – умифеновир, ремдесивир и фавипиравир поминуваат низ клиничко тестирање на пациенти со коронавирус, според привремените препораки за превенција, дијагностицирање и лекување на пациенти, соопшти руското Министерство за здравство.
Водителка на Фокс Њуз предивика бес во јавноста откако изрази „загриженост за тоа како жените ќе ги одржуваат своите фризури и нокти“ со штотуку воведените мерки за изолација поради пандемијата на новиот коронавирус..
Авганистанската престолнина Кабул, која има население од околу шест милиони луѓе, ќе биде под мерки на карантин до 28 март.
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој веќе објави дека презел „исклучителни мерки“ за негово функционирање како резултат на кризата со коронавирусот, денеска објави дека нема повеќе да известува за своите одлуки се до продолжување на нормалната активност, јави дописникот на МИА.
Со пораки испишани на Ајфеловата кула, секоја вечер, почнувајќи од денеска, ќе се оддава почит на луѓето што се мобилизираат во борбата против коронавирусот. На оваа туристичка атракција во париз ќе биде испишано „Мерси“ (Благодарам), како и пораки кои ги охрабруваат луѓето да останат во своите домови, јави дописникот на МИА.
Специјалниот претставник на генералниот секретар на Советот на Европа за миграцијата и бегалци и Агенцијата за основни права на Европската унија (ФРА) денеска објавија заедничко соопштение за главните гаранции на човековите права применливи на надворешните граници на нивните земји-членки, јави дописникот на МИА.
Од кризниот штаб за коронавирусот во Белгија даваат неколку детали околу првиот случај на заразено домашно милениче со коронавирусот.