Бројот на заразени со новиот коронавирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од Вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“.
Италија се уште не го достигна врвот на заразата со коронавирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи.
Речиси 300 лица починаа, а повеќе од 1.000 се разболеле во Иран откако пиеле метил алкохол за да се заштитат од коронавирусот, јавија иранските медиуми.
Владата на Велика Британија најави итни мерки за помош за самовработените откако се соочи со зголемен притисок за да ја усогласи финансиската помош што им се нуди на другите работници за време на пандемијата со новиот коронавирус.
Европската Комисија предлага да се издвојат дополнителни 75 милиони евра од заедничкиот европски буџет за да се помогне во репатријација на граѓаните затекнати во странство, како и за зголемување на итна медицинска опрема, јави дописничката на МИА од Брисел.
Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот, јави Би-Би-Си, а тој го потврди истото и на својот профил на Твитер.
Претседателот на американските Федерални резерви (ФеД), Џером Пауел изјави дека САД можеби веќе се во рецесија.
Земјите-учеснички во неформалниот сојуз ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот на нафта и затоа треба што повеќе држави да учествуваат во тој процес, изјави рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин во обрајќањето на Меѓународниот дебатен клуб Валдаи.
Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Иран се искачи на повеќе од 30.000, од кои приближно 2.400 луѓе починале, соопштија денеска иранските здраствени власти.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер посочува дека „во зоната на жандармерија“ (руралните средини), семејното насилство се зголемило за 32 отсто за една недела, јави дописникот на МИА.