Повеќе од 300.000 граѓани на ЕУ чекаат можност да се вратат дома од различни места низ светот, соопшти денеска Европеската комисија.
Стапката на инфекции од коронавирусот најверојатно ќе се намали во почетокот на следната недела, изјави шефот на Германската федерација на болници, Гералд Гас.
Шпанската армија побара од своите партнери во НАТО тестови за коронавирусот, вентилатори и заштитни маски во рамки на ангажманите за меѓународна помош на Алијансата.
Претседателот на француската Федерација на болници, Фредерик Валето изјави дека најваројатно бројот на починати од новиот коронавирус е многу поголем отколку што говорат податоците на Владата.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска повика на меѓународна солидарност во време кога светот е погоден од пандемија на коронавирус.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за зголемување на подготвеноста за борба против коронавирусот. Тоа го соопшти денеска Министерството за одбрана, додека во Москва повеќето продавници се затворени и забранети се јавни настани.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 435.366 луѓе заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 19.618, а оздравеле 111.878 лица.
Откако индискиот премиер Нарендра Моди воведе мерка за целосна изолација во земјата, веднаш започнала навалица на продавниците и аптеките.
Неидентификувани напаѓачи денеска убија 25 луѓе во верски комплекс на сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција.
Деловната клима во Германија потона на најниско ниво од 2009 година, соопшти денеска економскиот институт Ифо, предвидувајќи остар пад на активностите во најголемата економија во Европа, како резултат на епидемијата на коронавирусот.