Вредноста на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот коронавирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија
Германската канцеларка Ангела Меркел беше само кратко во контакт со лекарот, кој подоцна беше позитивно тестиран за коронавирусот, па има добри шанси таа да не е заразена, изјави шефицата на нејзиниот кабинет Хелга Браун
Емануел Ренци (34) од Рим починал по брза компликација, откако се заразил со коронавирусот, објавија италијански медиуми
Во Германија, бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 22.672, а 86 починаа, соопшти денеска здравствениот институт Роберт Кох
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Канада нагло се зголеми и официјалните лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за да спречат ширење на болеста.
Американскиот Сенат не го изгласа законот за економски пакет помош за борба против новиот коронавирус.
Вкупно 651 нови смртни случаи беа регистрирани вчера во Италија од Ковид-19, што е речиси 20 проценти намалување на смртноста во однос на претходните 24 часа, кога 793 лица починаа од вирусот – со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 5.476 од вкупно 59.138 случаи
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска пристигна во Авганистан во обид да помогне во спасувањето на историскиот договор меѓу Вашингтон и талибанците, постигнат на крајот на февруари, но нарушен од политички судири и насилство.
Иранската Влада одби американска помош за сузбивање на епидемијата со новиот коронавирус.
Холивудскиот продуцент, осуден за сексуални напади и силување, Харви Вајнстин е заболен од новиот коронавирус, пренесуваат американските медиуми