Франција, Велика Британија и Германија го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации да свика седница по повод турската офанзива во северна Сирија, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи Амели де Моншален.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека и натаму е внимателен оптимист во врска со договорот за Брегзит.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер инсистира Турција да ја прекине својата воена операција против курдските формации во северна Сирија, изјавувајќи дека Брисел нема намера да плаќа за таканаречената „безбедносна зона“, што може да биде создадена.
Демократот од Претставничкиот дом, Џо Бајден првпат изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде подложен на импичмент, додавајќи дека тој „ја предал нацијата“ и ја прекршил заклетвата што ја положил кога стапил на функцијата.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост околу ситуацијата во североисточниот дел на Сирија, каде денеска започна турска воена интервенција.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи овој напад е лоша идеја.
Мирни жители во сирискиот пограничен град Рас ел Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата „Ал Хадас“.
Сириските демократски сили, групацијата која ги предводи Курдите во оваа земја, соопшти дека ги запреле сите воени операции против терористичката Исламска држава по почетокот на турската офанзива, јави ДПА, повикувајќи се не неименмувани курдски извори.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека турската војска денеска почна воена операција на северот од Сирија.
Советот за безбедност на ОН ќе одржи утре седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати, откако Турција денеска започна воена интервенција против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.