Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, им рече на шефовите на европските влади дека карантинските мерки воведени во борбата против пандемијата на коронавирусот можат лесно да предизвикаат пад од 5,0 проценти во економијата на ЕУ, пишува денеска „Франкфуртер Алгемајне“.
Исланд спроведува масовни тестирања на новиот коронавирус, со кои се опфатени и оние кои не покажуваат симптоми на болеста.
Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот го надмина психолошкиот праг од 200 илјади случаи, и денеска тој изнесува 204.732.
Попладнево амбасадорите на земјите членки во ЕУ по брза постапка го одобрија предлогот да се деблокираат 37 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.
Италија мора да потроши милијарди евра за да ја поддржи својата економија во борбата против негативните влијанија од новиот коронавирус и нејзините напори не треба да бидат загрозени од преригорозното толкување на европските буџетски правила, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц.
Според портпаролот на рускиот претседател, станува збор за неосновани обвинувања.
Француската армија денеска префрли шест пациенти инфицирани со Ковид-19 во критична состојба во воена болница, со цел да го намали притисокот врз болниците во источниот дел на земјата, каде има голем број инфицирани лица.
Научен панел составен од епидемилози и виролози од денеска почнува со работа за да и помогне на Европската комисија да формулира препораки и мерки за справување со коронавирусот во земјите членки.
Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва ќе и се обрати на нацијата преку телевизија, но не се очекува да најави понатамошни рестрикции покрај постоечките мерки, објави германската телевизија АРД.
Лансирањето на Сојуз-2.1а од космодромот Бајконур со Сојуз МЅ-16 и тројца членови на новата експедиција на МСВ е планирано за 9 април.