Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика земјите-членки од коалицијата што се бори против терористичката „Исламска држава“ да ги прифатат заробените џихадисти и да го зајакнат финансирањето за да помогнат во обновата на делови од Ирак и Сирија.
Едно лице загина, а повеќемина се повредени, од кои двајца се во критична здравствена состоја, откако денеска се случи пукање во средно училиште во Санта Кларита, Калифорнија.
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ја погоди Индонезија, по што властите издадоа предупредување за можна појава на цунами.
Поранешниот гувернер на Масачусетс Девал Патрик денеска официјално се приклучи на трката за претседателски кандидат од Демократската партија, и се подготвува да апелира до гласачкото тело од центарот, откако се увиде дека рејтинзите на Џо Бајден се намалуваат, а популарноста е зголемена кај прогресивците.
Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека САД се држава изградена како „политички режим на разбојнички групи“.
Финска денеска соопшти дека повторно отвора Амбасада во Багдад по речиси 30 години, со цел повторно да воспостави билатерални односи и да му помогне на Ирак да ја обнови трговијата.
Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума.
Потрошувачката на нафта на глобално ниво до 2050 година може двојно да се намали ако се исполнат прокламираните енергетски цели на ОН и Парискиот договор, се дознава од најновиот извештај на Меѓународната енергетска агенција.
Европратениците не се задоволни од настапот на кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, пренесуваат од комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, каде кандидатот беше сослушан утрово