Каталонскиот регионален Парламент денеска усвои Резолуција со која на каталонската Влада и даде одобрување за продолжување на процесот за отцепување од Шпанија, иако Уставниот суд претходно предупреди дека таква резолуција е спротивна на шпанскиот Устав и би можело да има „кривични последици“.
Зголемената застапеност на земјите од западот во Советот за безбедност на Обединети нации нема да донесе никаква дополнителна вредност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит, кој британскиот премиер БорисЏонсон го склучи со ЕУ.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, по отворањето на Мировниот форум, ненадејно ги повика српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи на состанок, неофицијално дознава белградскиот весник „Блиц“.
Шпанската Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и левичарската Унидас Подемос денеска постигнаа постизборен договор, но и понатаму не е обезбедено мнозинство во Долниот дом на Парламентот
Австриското гратче Бад Ишл, односно областа Салцкамергут, ќе бидат Европска престолнина на културата за 2024 година, одлучено е денеска во Виена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни
Властите во Холандија денеска соопштија дека ќе поднесат жалба на судската одлука земјата да прифати неколку десетици деца и жени, кои се придружиле на џихадистичката група Исламска држава во Сирија
Антивладините демонстранти во Либан ги блокираа патиштата околу државните институции со цел да извршат притисок за брзо формирање на новата влада, јави ДПА
Европејците не успеаја целосно да ги исполнат своите обврски кон иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мoхамед Џавад Зариф, како одговор на предупредувањето од Унијата, која побара од Техеран да се придржува кон договорот или ќе има последици