Во Палатата на Европа заврши Светскиот форум за демократија организиран од Советот на Европа, посветен на медиумските информации и дезинформации, на кој околу 1.700 учесници, меѓу кои и посетителите на политичката школа Мајка Тереза од Скопје, дискутираа за тоа како лажните вести и се закануваат на демократијата, при што општиот заклучок е дека е потребно медиумско воспитување
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Московската конференција за неширење на оружјето истакна дека НАТО навести дека нема да одговори на иницијативата на Русија за воведување мораториум на распоредувањето на ракети со среден и краток дострел во Европа
Велика Британија денеска издаде повеќе од 100 предупредувања за поплави, а на жителите во делови на северна Англија им беше советувано да се евакуираат од своите домови поради загриженост дека нивните животи се загрозени откако за помалку од 24 часа заврна дожд колку за еден месец
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со Алијансата
Германскиот парламент донесе одлука за намалување на ДДВ на женските хигиенски производи, како што се тампони и влошки, откако петицијата за намалување на данокот на овие предмети јапотпишаа над 81.000 лице
Русија ги убива политичките противници, а тактитиките на Кина би биле „ужасно познати“ на поранешните источни Германци, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео
Во шумските пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, Австралија, настрадаа половина од коалите што живеат таму, објавија денеска експертите
Спасени се 35 рудари, кои беа заробени по експлозијата во рудникот на калиум во источна Германија, јавуваат германските медиуми
Најразорниот пожар оваа година во Калифорнија, што уништи површина од 310 квадратни километри во округот Соном и голем број домаќинства, беше официјално прогласен за изгаснат, две недели по избувнувањето
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур изјави дека Европа повеќе не е „рај“ и безбедна средина за новинарите